ИПАРД Програмa (2007 - 2013)

Податоците прикажани подолу не се добиени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Податоците се објавени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Истите се структуирани и реформатирани со цел да се добие поголема прегледност. Сите податоци објавени од АФПЗРР можете да ги најдете на овој линк.

ИРРЗА не може да ја гарантира нивната целовитост како и точноста на информацијата. Во моментов се очекува одговор од АФПЗРР на нашите барања со што би се овозможил детален преглед на динамиката на искористеност на ИПАРД програмата (2007-2013) по години.

Барања за доставување на податоци, за секоја година одделно од ИПАРД 1 програмата, се доставени до АФПЗРР и истите се со следниве карактеристики:
 

  • Податоци за подносителот (име и презиме за физички лица или назив на правното лице)
  • Општина во која што е регистриран апликантот
  • Мерката за која е поднесена апликацијата
  • Типот на инвестиција (дел од мерка во која се аплицира) за која е поднесена апликацијата
  • Вредност на проектот (поднесената апликација); одобрени средства (потпишани договори) и реализирани проекти (исплатени корисници)
     

Истите ги очекуваме во текот на месец март, 2016 година и истите ќе можете да ги превземете на линковите подоле. 


2013

Извршени исплати од ИПАРД програмата 2013

2012

Листа на потпишани договори за 2012 година

2012

Извршени исплати за 2012 година

2011

Листа на потпишани договори за 2011 година

2010

Листа на потпишани договори за 2010 година

2009

Листа на потишани договори за користење на средства по јавен повик бр.01 во 2009 година