ИПАРД Програмa (2007 - 2013)

Институт за развој на руралните заедници - ИРРЗА

Институт за развој на руралните заедници (ИРРЗА) е основан во 2010 година како непрофитно, невладино, непартиско и нерелигиозно здружение на граѓани во кое се членува на доброволна основа. Основна цел на ИРРЗА е остварување на поширок општествен интерес од областа на развојот и негување на вредностите на граѓанското општество преку поддршка на руралните средини, негување на социо-економските, културните и историските вредности на истите на целата територија на Република Македонија.


Метаморфозис

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Наши главни вредности се отвореност, еднаквост и слобода. Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект.


 

Проектот е поддржан од
Британската амбасада Скопје
Во соработка со Метаморфозис