Проекти

ИПАРД 2014-2020 – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Општата цел на новиот ИПАРД е да "даде придонес кон безбедноста и сигурноста на набавката на храната како и во промовирање на одржливо и ефикасно користење на земјиште во земјоделството,, оезбедувајќи одржливи и „живи“земјоделски системи и динамични рурални заедници и села во земјите-кориснички“.

ИПАРД II се состои од сет на долгорочни стратешки цели кои треба да придонесат кон:

1) конкурентност на земјоделството;
2) одржливото управување со природните ресурси и климатски акции; и
3) рамномерен територијален развој на руралните средини,

преку зајакнување на способноста на земјите-кориснички да ги исполнат обврските кои произлегуваат од идното членство преку усогласување, усвојување, спроведување и примена на законодавството на ЕУ.

Првиот предлог на ИПАРД II е подготвен како транзициски документ и тој главно се базира на сегашниот сет на мерки во рамките на ИПАРД I (2007-2013). Управниот орган планира да се воведат нови мерки периодот кој следува.

Новиот сет планираните мерки се:

• Поддршка на групи на производители
• Подготовка и спроведување на стратегиите за локален рурален развој (ЛЕАДЕР)
• Поддршка на советодавните услуги
• Обуки (поддршка на јавните институции и тела за спроведување на програмата)

ИПАРД II Програмата е доставена до Комисијата за усвојување.


По одобрување на програмата, ќе следува детализирање на правилата и условите за спроведување на ИПАРД II.

Со цел да се осигура ефективна имплементација, Телото за управување и ИПАРД Агенцијата треба да утврдат некои суштински институционални, организациски, правни и процедурални предуслови. Доколку слабостите од ИПАРД I не се корегираат, со сигурност и оваа програма ќе биде осудена на неуспех и спасот за „успехот на земјоделството и руралниот развој“ ќе се бара низ националните програми и финансиски форми на поддршка кои во моментов бележат поголема искористеност.

ИРРЗА ќе продолжи да го мониторира, евалуира и да придонесува кон успешното спроведување на ИПАРД II програмата.