Вашиот ИПАРД проект

Како дел од активностите на проектот „Реалниот развој на руралните средини и земјоделието“, ИРРЗА ќе се фокусира на истражување на реалните проблеми со кои се соочуваат физичките и правните лица кои имплементираат проекти кофинансирани преку ИПАРД I програмата.

Активноста се реализира со цел да се добијат веродостојни информации за причините за слабата динамика на реализација на проектите.

Платежната агенција врши мониторинг на проектите преку контроли на лице место со цел да нема злоупотребата на средствата на ИПАРД. Листите на извршените контроли можете да ги превземете за секоја година посебно: 2010, 2011, 2012, 2013.  

Како приоритет, ИРРЗА ќе се фокусира на квалитативно истражување на проектите кои имаат судска завршница или сеуште се во процес.

Доколку сакате да го пријавите Вашето искуство можете да ја искористите следнава контакт форма.