ИПАРД Програмa (2007 - 2013)

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation го спроведува проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Проектот ќе ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Целната група ќе се стекне со нови вештини кои ќе и помогнат во лоцирање, преземање, обработка, интерпретација и анализирање на податоци со цел наоѓање на докази, креирање на визуализации и пренесување на приказни со кои ќе ги поткрепат своите аргументи при залагањето за подобри услуги и политики.

 

                                                               

 

„Реалниот развој на руралните средини и земјоделието“ е под-проект на „Мрежа од граѓански организации за отворени податоци“ кој се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис и истиот се релизира во период 6 месеци.
 
Истиот има за цел да придонесе кон зголемување на јавната свест за моменталните реални социо-економски состојби во земјоделието и руалниот развој преку транспарентно набљудување и мониторирање на ефектот на економските придобивки по однос на програмата ИПАРД (2007-2013).
 
Во рамки на проектот се извршат канцелариски истражувања за веќе достапните податоци за искористеноста на ИПАРД програмата како и истражување засновано на податоци кои не се објавени, а истите се од јавен карактер.
 
Очекуваме проектот да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на јавните институции по однос на распределбата на средства од ИПАРД програмата (2007-2013); да придонесе кон создавање на услови за зголемување на квантитетот и подобрување на квалитетот на применетите политики, дебати и анализи засновани на факти; да постави основа за континуирано следење и мониторирање на квантитетот и квалитетот на идните реформи во земјоделието и руралниот развој.
 
Проектот во иднина ќе се фокусира на континуирано мониторирање и евалуација на  ИПАРД 2.
 

 

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.