Проекти

ИПА 2 Механизам за граѓански организации

Општата цел  на ИПА 2 Механизмот е да „го зајакне влијанието на граѓанското општество во јавните политики, донесувањето одуки, граѓанскиот и политичкиот дијалог, да го зајакне влијанието врз клучните реформи за понатамошна поддршка на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ".

Механизмот е основан од страна на  активни граѓански организации од Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка и се состои од работна група на граѓански организации (кои функционираат како координативно тело / мрежа), избрани граѓански организации и нивните претставници и поширока мрежа на граѓански организации од земјата.

Целни групи на овој механизам се националните и локалните граѓански организации и други невладини чинители, владини претставници и службеници на локално и национално ниво како и медиумите.

Во склоп на овој проект предвидени се следниве активности

  • Градење капацитети на граѓански организации
  • Практикување на партнерски принцип во програмиање и мониторинг на ИПА 2
  • Анализа на секторски политики
  • Грантова шема за граѓански организации
  • Подигнување на јавната свест

 

 

Повеќе инфо на следниов линк: http://www.ipa2cso.mk