Проекти

Што е ИПАРД?

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој ИПАРД (2007-2013) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош заодржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.

Цели на ИПАРД

Основните придобивки за Република Македонија од реализација на ИПАРД Програмата (2007-2013) се:

Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија преку реструктуирање и надградба на земјоделско-прехрамбениот сектор до стандардите на ЕУ како и преку зголемување на конкурентноста на земјоделските и земјоделско прехрамбените производи со цел подготовка на земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ.

Развој на руралната економија преку диверзификација на економските активности во руралните средини со цел да му се овозможи на руралното население дополнителни извори на приход и отварање на нови можности за вработување во руралните области.

Финансиски средства по ИПАРД

Финансиската рамка за спроведување на ИПАРД Програмата ја сочинуваат 50% сопствен капитал на корисникот и 50% финансиски средства кои се поделени на: 75% од средствата финансирани од буџетот на Европската Унија наменет за претпристапна помош за рурален развој и 25% од буџетот на Република Македонија наменет за развојни програми.

Мерки по ИПАРД

ИПАРД фондовите задолжително се трошат по утврдените мерки во ИПАРД Програмата и тоа за:

Мерка 1 (101)
Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

Проектите наменети за инвестиции во земјоделски стопанства (Мерка 101) треба да се однесуваат за лозарството, овоштарството, градинарство и одгледување на добиток за производство на млеко и месо.

Мерка 2 (103)
Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

Проектите наменети за инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија (Мерка 103) треба да опфаќаат поддршка на производството на вино, откупни/собирни центри за свежо овошје и зеленчук, откупни/собирни центри за сурово млеко, преработувачки капацитети за овошје и зеленчук и за млеко и млечни производи и кланични капацитети за говеда, свињи и живина како и за инвестиции за третман на отпадот од кланичната и месната индустрија и негова валоризација.

Мерка 3 (302)
Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Проектите наменети за инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности (Мерка 302) треба да опфаќаат поттикнување на микро претпријатијата во рурални средини со воспоставување на преработувачки капацитети на земјоделско стопанство и модернизација на откупни центри за печурки и лековити билки и воспоставување на традиционални занаетчиски работилници како и поддршка за развој на рурален туризам.


Мерка 1 (101)

Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија

Мерка 2 (103)

Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

Мерка 3 (302)

Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности

ИПАРД (годишни податоци)

ИПАРД I податоци по години

Извештаи за ИПАРД I

Извештаи за ИПАРД I

Закони и промени

Законска регулатива

Судски процеси и одлуки

Судски одлуки или оспорени проекти кои се во судски процес

Партнери

Информација за партнерите во проектот

За проектот

Мрежа на граѓански организации за отворени податоци