ИПА 2 Механизам

 
Основни информации за проектот
 
 
Општата цел на проектот е воспоставување на функционален модел на добро владеење преку формирање на трипартитни партнерства на граѓанскиот, јавниот и бизнис секторот во форма на Платформа за локална акција (ПЛА), преку примена на принципите на ЛИДЕР (LEADER) како инструмент за развој на руралните подрачја и механизам за креирање на локални јавни политики и развој како и носењето и спроведувањето на одлуки.
 
Целна група на проектот се граѓанските организации, економски оператори кои делуваат вп руралните
делови на општините како и и претставници на целните општини (според веќе зададени принципи за
сораоптка на ЛИДЕР).
 
Краткорочни цели на проектот:
Да се вoспoстави Платфoрма за лoкална акција (какo фoкус група за фoрмирwое на [LAG] – ЛАГ –лoпкална акциска група какo сoветoдавнo телo и механизам за учествo на граѓанскиот сектор во процесот на креирање и спроведување на јавни политики на локално ниво;
Да се креира свесност за потенцијалот на трипартитното владеење и развојните политики на локално/регионално ниво преку осознавање на принципите на ЛИДЕР и можностите за развој преку искорисување на ЕУ фондовите;
Да се зголемат капацитетите на локалните заедници за идентификување на локални потреби,
начини за искористување на фондови како и вмрежување во национални мрежи за создавање на оддржливост;
 
Главни активности на проектот: 
Идентификација и развој на трипартитно партнерство и воспоставување на критериуми за соработка;
Зголемување на свесноста кај локалните засегнати страни за ЛИДЕР програмата и важноста на трипартитниот процес на владеење и развој;
Згoлемување на капацитетите на лoкалните заинтересирани страни со цел изградба на трипартитни парнтерства за регионален рурален развој и принципите на ЛИДЕР;
 
Конкретни активности:
Оддржување обуки за запознавање со ЛИДЕР - дел од пошироката политикa за рурален развој на ЕУ вп општините Дебарца, Охрид, Вевчани и Струга.
Обука за состојбите на ЛИДЕР вп РМ и ИПАРД прпграмата
Обука за ЕУ фондовите кои финансираат регионални развојни проекти преку ЛАГ-овите (EAFRD,ERDF, ESF, EMFF)
Обуки за изработка на ЕУ грантови – регионален развој со фокус на прекугранична соработка
Обуки за изработка на апликации со фокус на регионални проекти – ЕУ формат за апликации специфични за ЛАГ-ови;
Обуки за вмрежување
 
Дводневните обуки се наменети за вработените од Општината како и на јавните претпријатија кои се во надлежност на општината, а чија работа се фокусира и е во доменот на руралниот развој.
Присуство на обуките ќе земат граѓански организации како и економски оператори од приватниот сектор.
Истите ќе се реализираат во периодот Април – Јуни 2018.
 
 
Очекувани резултати:
Воспоставени локални консултативни механизми сп цел артикулација на руралните локални и регионални (меѓуопштински) интереси и потреби и нивно вклучување во националните мрежи за соработка;
Зголемени капацитети на локалните рурални заедници и видливост за можностите кои европската помош ги нуди за руралниот локален развој;
Зајакнати капацитети и подготвеност на локалните рурални заедници за трипартитна соработка
и искористување на ИПАРД 2 финансиски ресурси.
 
 
Проектот ИПА 2 Механизам за граѓанските организации e                                    
спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит.
Проектот е финансиран од Европската унија.