ИПА 2 Механизам

LEADER или 'Liaison entre actions de developpement de l’economie rurale' е иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ преку кој се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење на политики, донесување на одлуки и спроведување на активности поврзани со руралниот развој.

LEADER е алатка за поттикнување на субјектите кои живеат во руралните средини да истражат нови начини за заедничка работа (соработка) за подобрување на нивните основни животни услови.

Историја:

  • LEADER I– 1991 - 1993
  • LEADER II– 1994 – 1999
  • LEADER+ - 2000 – 2006
  •  2007 – 2013, фокусиран на три LEADER Оски. Развивање на заедничка Стратегија за рурален развој на сите земји членки на ЕУ преку Национални Програми за рурален развој.
  • LEADER 5.0– 2014 – 2020  - во овој програмски период ЛИДЕР методот, покрај руралните ги покрива и урбаните и крајбрежните средини според принципот на локален развој предводен од заедницата.

 LEADER пристапот има 7 главни карактеристики и тоа:

- Локален развој заснован на територија - зема мала, хомогена, социјално кохезивна територија која често се карактеризира со заедничка традиции, локален идентитет, чувство на припадност или заеднички потреби и очекувања, како целна област за имплементација. Ова го олеснува идентификувањето на силните и слабите страни, заканите и можностите, како и потенцијалите за развој.

Пристап оддолу-нагоре - локалните чинители учествуваат во процесот на донесување одлуки за стратегијата и при изборот на приоритети во нивната локална заедница.

- Јавни-приватни партнерства (Локални акциски групи -ЛАГ) -  воспоставувањето на локални партнерства, познати и како „локални акциски групи“ е важна карактеристика на пристапот LEADER. ЛАГ-от има за цел да идентификува и имлементира локална стратегија за развој, да носи одлуки за распределување на финансиските ресурси и нивно менаџирање.

- Иновација -  LEADER пристапот може да игра важна улога во стимулирањето на нови и иновативни пристапи за развој на рурални средини. Таквите иновации се охрабруваат преку овозможување на ЛАГ-овите широка слобода и флексибилност во донесувањето одлуки за активностите што сакаат да ги поддржат.

- Интегрирана & мултисекторска активност -  LEADER не е секторска програма за развој. Локалната развојната стратегија мора да е мултисекторска и да интегрира неколку сектори на активности. Акциите и проектите содржани во локалните стратегии мора да се поврзани и координирани како кохерентна целина.

- Вмрежување - ова вклучува размена на искуства и достигнувања помеѓу групите, руралните средини, администрацијата и организациите вклучени во руралниот развој. Вмрежувањето гради врски меѓу луѓето, проектите и руралните средини и помага да се надмине изолацијата со која се соочуваат некои рурални средини.

- Соработка - чекор понапред од вмрежувањето. Вклучува локална акциска група која работи на заеднички проект со друга LEADER група или друга група со сличен пристап од друга земја или област. Соработката може да им помогне на акциските групи да ги зголемат своите локални активности и да најдат решение на одредени проблеми со кои се соочуваат.