ИПАРД Програмa (2007 - 2013)

Мерка 1

Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

Проектите наменети за инвестиции во земјоделски стопанства (Мерка 101) треба да се однесуваат за лозарството, овоштарството, градинарство и одгледување на добиток за производство на млеко и месо.

Податоците се однесуваат на поднесени проекти за кофинансирање преку ИПАРД програмата и истите влегуваат во фаза на административна проверка.

Податоците се однесуваат на одбиени проекти, во административна фаза, кои се поднесени за кофинансирани во Мерка 1 од ИПАРД програмата.

Податоците се однесуваат на број на потпишани договори за кофинансирање во Мерка 1 од ИПАРД програмата.

Превземените обврски означуваат завршување на административната проверка од страна на Платежната агенција (АФПЗРР) и почеток на проектот.

Податоците се однесуваат на извршени исплати за проекти т.е. реализирани проекти кои се проверени од страна на Платежната агенција (утврдена фактичка состојба на лице место) и исплатата е извршена. 

Податоците ја прикажуваат динамиката на успешноста на реализација на Мерка 1:
апликации ⇒ договори ⇒ исплати

Техничка белешка: Скопскиот и Северо-источниот регион имаат по 4 исплатени проекти. Податоците се со мала вредност и не можат визуелно да се прикажат.

Во Полошкиот плански регион нема исплатен проект во Мерка 1 иако имало 2 одобрени проекти.
 

Податоците ја прикажуваат динамиката на реализација на средства во Мерка 1. Истите се прикажани во €. Кофинансирањето е 50% (75% од Европска унија / 25% од Р. Македонија).

Техничка белешка: Дел од вредностите не се прикажани во визуелниот приказ.

Североисочен регион:
Одобрени средства: 57648 €
Исплатени средства: 238022 €

Скопски регион:
Исплатени средства: 45995 €

Југозападен регион:
Исплатени средства: 42597 €

Полошки регион:
Одобрени средства: 16968 €
Исплатени средства: 0 €


Превземете ги кумулативните податоци за ИПАРД (2007-2013) Мерка 1.